Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика европските лидери на самитот во Брисел да дозволат отворање на пристапните преговори со неговата земја, со порака дека „не е време за двоумење“.
„Не му ја давајте на Путин оваа прва – и единствена – победа годинава“, рече Зеленски.
Тој оцени дека не е време за полумерки или за двоумење.
„Денес е ден на политичка одлука, како одговор на постигнатото. Станува збор за отворање на пристапните преговори со Украина“, рече Зеленски, кој преку видео врска присуствуваше на самитот во Брисел.