Зеленски ги посети војниците во близина на линијата на фронтот и додели одликувања

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот Доњецк, во близина на линијата на фронтот во источна Украина, соопшти неговиот кабинет, додека украинската војска спроведува контраофанзива во таа област и на југ.

Зеленски „ги посети единиците на вооружените сили на оперативната и стратешката група во градот Хортиција“, заедно со командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирски, и одликуваше некои војници, се наведува во соопштението на украинското претседателство.


– Сакам да ви се заблагодарам, да ве наградам сите. Украина е горда на секој од вас, рече Зеленски.

Од почетокот на јуни Украина спроведува контраофанзива со цел повторно да ги заземе териториите окупирани од Москва на исток и југ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK