Зеленски: „Ако САД ја прекинат помошта за Украина, Европа нема да успее сама“

Зеленски-„Ако-САД-ја-прекинат-помошта-за-Украина-Европа-нема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека доколку САД ја прекинат помошта за Украина, Европа нема да може сама да ја пополни празнината.


Зеленски наведува дека верува оти тоа нема да се случи.

Зеленски, во интервју за германската телевизија АРД, одговарајќи на прашањето што би се случило доколку САД престанат да и помагаат на Украина и дали Европа би успеала да пополни таква празнина, рече дека верува дека тоа нема да се случи и дека Европа нема да биде оставена сама, пренесува „Униан“.

Тој наведе дека прашањето е сложено бидејќи Европа сама нема да може да ја пополни празнината и кога станува збор за оружјето и за финансиите, бидејќи, како што објаснува, Европа, доколку е обединета, веројатно би успеала да и пружи доволно поддршка на Украина, но САД имаат влијание и кога од нив доаѓаат сигнали кои „не се многу позитивни“, тие го имаат истото влијание врз некои европски лидери.

Според него, ако се случи САД да ја одложат поддршката, тоа ќе влијае на обединета Европа.

Тој смета дека тоа би довело до недостиг на оружје и финансии и дека ќе се изгуби сојузот меѓу Соединетите Американски Држави и Европа.

„Трето, самата Европа ќе разбере дека ова е сигнал дека, ако Украина не издржи и рускиот претседател Владимир Путин тргне напред, тоа е сигнал од Соединетите Американски Држави дека Европа ќе остане сама меѓу земјите на НАТО“, оценува Зеленски.

Тој додава дека ќе биде сериозна закана тоа што Путин истото ќе го искористи сто проценти и дека тоа е исто така сигнал што ќе покаже дека НАТО нема да биде толку силен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK