Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди денеска дека другите делови на Европа ќе бидат изложени на ризик од воена агресија од страна на Кремљ, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека до крајот на годината ќе испратат американски воени авиони Ф-16 во Украина.
Зеленски им рекол на парламентарците во Копенхаген дека сите соседни земји околу Русија се во опасност во случај на руска победа во Украина, пишува Гардијан.
„На сите соседи на Русија им се заканува опасност доколку Украина не победи“, изјавил претседателот на Украина.