Застрелан соработник на Трамп во Вашингтон: Успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа колабирал

Застрелан-соработник-на-Трамп-во-Вашингтон-Успеал-да-излезе-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако беше застрелан во Вашингтон.

Гил е тешко повреден при обид да му го украдат автомобилот.

Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило. Полицијата потоа го ликвидирала.

Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата. Тој бил во возилото кога се пукало.

Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа колабирал.

Гил служел како главен оперативен директор на Комисијата за трговија за време на времето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK