Захарова: Москва силно ќе одговори на кражбата на рускиот имот

Захарова-за-забраната-од-страна-на-Бугарија-Нарачана-е-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, најави дека Москва „остро ќе одговори“ на намерата на Брисел да ги искористи приходите од руските замрзнати средства за финансирање помош за Украина.

Одговорот на Москва на присвојувањето на рускиот имот ќе биде остар, а иницијаторите на процесот на кражба на имот ќе бидат третирани како крадци со сите последици, изјави Захарова во интервју за каналот „Соловјев лајв“, пренесува Риа Новости.

Според неа, западните земји со своите постапки се обидуваат да ги надоместат трошоците за одржување на „крвавиот украински конфликт и режимот во Киев“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK