Русија не ја предаде Ерменија, тоа го направи ЕУ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа истакна дека Брисел нема намера да го олесни примирјето и да обезбеди хуманитарна помош.
Според неа, ЕУ гледала од страна додека руските мировници дејствувале како посредници во постигнувањето на примирјето и не покажале знаци на намера да пружат каква било практична помош.
Захарова рече дека Брисел немо гледал од страна, додека претставниците на Русија организирале обезбедување хуманитарна помош за Нагорно Карабах и ги придружувале жителите на Карабах на пат кон Ерменија, по деблокирањето на коридорот Лачин.
„Брисел ги поттикнува ерменските граѓани и им кажува измислени приказни за тоа како Русија наводно ги предала. ЕУ е таа што го убедила Ереван да не го почитува договореното со посредство на Русија, ги предаде Ерменците“, нагласи Захарова.
Захарова истакна дека мисијата на ЕУ во Ерменија не носи ниту деескалација, ниту стабилност и дека главната цел на мисијата не е безбедност или помош во нормализирање на односите меѓу Баку и Ереван, туку разузнавачко набљудување и дестабилизација, пренесе ТАСС.
„Прво ја бодреа Ерменија и ветуваа, а потоа немо гледаа како се развива ситуацијата. Западот е тој што го оддалечи Ереван од патот на спроведување на договорите постигнати со посредство на Москва“, заклучи Захарова.