Генерал-мајор Владимир Завадски, заменик-командант на руската 14-та армија, е убиен во Украина, објави руски функционер, пренесува Sky News.
Британската телевизија наведува дека Александар Гушев, гувернерот на северозападната област Воронеж, веста за смртта на Завадски денеска ја објавил на апликацијата Телеграм.
Тој не појаснил како загинал генерал-мајорот, кој во декември минатата година во Кремљ му беше доделена Златната ѕвезда за херој на Русија од рускиот претседател Владимир Путин.
Скај њуз наведува дека претходно се појавиле непотврдени информации дека Завадски бил убиен од нагазна мина. Се известува дека централните власти во Москва официјално не ја потврдиле смртта на Завадски.