Речиси 90.000 фунти или околу 103.751 евра беа потрошени за шампањ послужен во специјални прилики во Горниот дом на британскиот парламент, Домот на лордовите, минатата година.
Ова е најголемата сума одвоена за оваа намена во последните пет години, пишува „Гардијан“.
Детали за продажбата на вкупно 1.589 шишиња шампањ по цена од околу 56 фунти (околу 64,5 евра) за секое, добила Шкотската национална партија (СНП), откако испратила барање за слободен пристап до информации.
Вкупната цена од 88.987 фунти, околу 102.583 евра е нешто повисока од вкупната сума доделена во 2022 година, кога девет шишиња помалку од ова, беа купени за 85.462 фунти односно за околу 98.520 евра, пренесува медиумот.