За да заштеди пари, пијан Австралиец се возел 400 километри под камион

За-да-заштеди-пари-пијан-Австралиец-се-возел-400-километри.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За да заштеди пари за такси и да помине неколку десетици километри бесплатно, пијан Австралиец се притиснал во подвозјето на камион и така се возел неколку стотици километри.


Кога се притиснал во подвозјето на камионот, 43-годишникот имал намера да се симне на семафорите.

Но, возачот фатил зелен бран кој му овозможил да продолжи да се вози неколку стотици километри.

На крајот, човекот морал да издржи околу 400 километри.

Тој се надеваше на бесплатно 30-минутно возење до градот Кофс Харбор во Нов Јужен Велс.

Сепак, заврши далеку во Квинсленд, објави новинската агенција „ААП“.

По четири часа камионот запрел и во тој момент возачот се изненадил кога видел еден патник кој излегува од под камионот.

Патникот морал да плати казна од 288 австралиски долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK