За да биде вклучена и Украина во истрагата за падната ракета на полска територија, Дуда смета дека треба да се договорат Полска и САД

duda_2353354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Полскиот претседатател Анджеј Дуда одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Украина за пристап до местото на експлозијата на ракета на полска територија рече дека процедурите ги спроведуваат полски и американски експерти и оти потребна е согласност од двете страни, јави агенцијата Балканвеб.

Истиот извор наведува дека Украина соопштила дека сака непосреден пристап до местото на експлозијата во Полска, додавајќи дека е подготвена да им обезбеди на своите партнери докази за „руски отпечатоци“.


-Постапките ги водат полски и американски експерти, и ако некому му се дозволи да учествува во овие постапки, тоа ќе бара согласност од двете страни. Значи, Полска и САД ќе мора да се договорат дали Украина ќе биде вклучена во истрагата, изјавил Дуда на заедничката прес-конференција во Тирана, со неговиот колега Бајрам Бегај.

Тој се осврнал и на руската агресија врз Украина, при што додал дека ја поддржува Албанија и нејзината јасната политика против оваа агресија.

-Сакам да и се заблагодарам на Албанија и на политиката за јасната политика против руската агресија во Украина. Агресијата е против независноста на еден народ, тоа е бесмислена агресија која ги руши сите меѓународни принципи. Оваа агресија мора да заврши само на еден начин, со повлекување на руските сили од окупираната украинска територија врз основа на меѓународни правила кои ги одредуваат границите на една држава, смета тој.

Според него Полска примила милиони соседи кои „избегаа од руските бомби, зашто сметаме дека тоа е наша должност како луѓе, како сосед, како братска нација да помогнеме кога е потребно и едноставно го правиме тоа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK