Југозападниот полуостров на Исланд може да се соочи со децениска вулканска нестабилност, предупреди Исландскиот метеоролошки институт (ИМО).
Земјотресот и стравот од претстојна ерупција доведоа до евакуација на малиот рибарски град Гриндавик, јави Би-Би-Си.
По осумвековна пауза, ерупциите на полуостровот Рејкјанес повторно започнаа во 2021 година, што може да означи нов „еруптивен циклус“, рече Метју Робертс од ММО.