Возач со автомобил се заби во луѓе додека чекале трамвај во Полска, најмалку 19 повредени

8d1f8e32-7ea4-4781-ba2f-7d80b0239558-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку деветнаесет лица се повредени денеска во полскиот град Шчеќин откако автомобил влетал во група пешаци, а потоа и во други возила, соопштија властите, исклучувајќи ја можноста за тероризам.


„Меѓу повредените има шест деца. Двајца од повредените се во критична состојба“, изјави началникот на регионот Адам Рудовски, додавајќи дека возачот е уапсен откако се обидел да избега.

„Тоа не е терористички чин“, изјави портпаролот на полицијата во Шчеќин, Павел Панкау.

„Се работи за 33-годишен полски државјанин, жител на Шчеќин“, изјави Панкау.

Мажот со Форд Фокус удрил во група луѓе кои чекале трамвај на голема раскрсница.

„Првите анализи покажуваат дека тој не бил под дејство на алкохол или дрога“, додаде портпаролот.

Очевидци за полските медиуми изјавија дека возачот со голема брзина пристигнал на раскрсницата и преминал на тротоарот и на постојката на трамвајот.

После тоа се обидел да избега со возилото и удрил во уште три автомобили, пришто ги повредил нивните сопатници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK