Вооружен напаѓач во Турција држи под заложништво работници во фабрика

Вооружен-напаѓач-во-Турција-држи-под-заложништво-работници-во-фабрика.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вооружен напаѓач држи во заложништво неколку работници на американска компанија за стока за широка потрошувачка во Турција, според новинската агенција Демирорен, „очигледно“ во знак на протест против нападите на Израел врз Газа.


Маж упаднал во фабрика во индустриска зона во провинцијата Коџаели околу 15 часот по локално време, додаде Демирорен.

Агенцијата наведува дека полицијата дошла на местото на инцидентот и се обидува да го убеди мажот да се повлече.

На местото на инцидентот отишол и гувернерот на Коџаели, јавува Ројтерс.

Турските власти се уште не се огласиле за инцидентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK