Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Војник-во-Германија-уби-четири-лица-меѓу-кои-и-едно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството.



Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.

Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството.

Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK