Во заседа во Нигер убиени 23 војници

niger-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 23 нигериски војници се убиени во заседа поставена од „терористи“ за време на операција на армијата во западниот дел на Нигер, соопшти Министерството за одбрана.


Нападот се случи во регионот Тилабери, кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо и е познат како упориште на џихадистите.

Една армиска единица беше фатена во заседа за време на операција во таа област, при што беа убиени 23 војници, а „околу 30 терористи беа неутрализирани“, соопшти Министерството.

Регионот Тилабери е засолниште за џихадистите на Исламската држава и Ал Каеда.

Со години тој дел од Нигер е цел на напади од овие вооружени групи и покрај распоредувањето на антиџихадистичките сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK