Во Судан пронајдена масовна гробница лица

un
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во масовна гробница во Западен Дарфур, Судан, пронајдени се тела на најмалку 87 лица, вклучително и етнички Масалити, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

Он наведува дека има информации оти паравоените сили за брза поддршка биле одговорни за смртта на тие луѓе.


– „Најостро ги осудувам убиствата на цивили и дополнително сум згрозен од бесчувствителниот начин на кој се постапува со загинатите, заедно со нивните семејства и заедници, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Тој повика на итна и темелна истрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK