Во Сингапур за три недели извршена втора смртна казна

besilka-pogubuvanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Сингапур денеска е погубено уште едно лице поради тргување со канабис. Тоа е второ бесење за три седмици и покрај апелите на групите за човекови права и Обединети нации за прекин на извршување на смртни казни за трговија со дрога.

Името на егзекутираниот 37-годишен маж не е објавено откако семејството побара да се почитува приватноста. Тој беше обесен откако вчера судот одби повторно да го отвори неговиот случај без сослушување. Тој бил во затвор седум години, а во 2019 година беше осуден во 2019 година за продажба на околу 1,5 килограми канабис


Според законот во Сингапур, трговијата со повеќе од 500 грама канабис се казнува со смрт.

Во Сингапур околу 600 осуденици се во затвор и чекаат егзекуција, главно за прекршоци поврзани со дрога. Минатата година 11 лица беа егзекутирани за прекршоци поврзани со дрога, по двегодишна пауза за време на пандемијата.

Пред три недели, Тангарај Супијах (46) беше погубен со бесење во првата егзекуција годинава поради шверц на килограми канабис, иако не беше фатен со дрогата. Според Обвинителството телефонските броеви го идентификувале како лице кое ја координирало испораката на дрога, што тој го негираше.

Групите за човекови права, ОН, британскиот милијардер Ричард Бренсон и многу други го повикува Сингапур да стави крај на егзекуциите поврзани со дрога, тврдејќи дека смртната казна е неефикасна.

Сепак, властите во Сингапур тврдат дека сите затвореници добиваат фер судење и дека смртната казна останува дел од нивната сеопфатна стратегија за спречување на трговијата со дрога.

Амнести интернешнал соопшти дека Индонезија извршила 112 егзекуции поврзани со дрога во 2022 година, по пауза од неколку години. Спротивно на тоа, соседен Тајланд го легализираше канабисот, додека Малезија ја укина задолжителната смртна казна за тешки кривични дела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK