Единаесет луѓе поврзани со компанијата за управување со отпад „Тинк Пинк“ се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години.
Според шведските медиуми, 11 лица од компанијата „Тинк Пинк“ се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска.
Компанија за управување со отпад е обвинета дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини ширум Шведска, што довело до пожари, протекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.
Истрагата откри штетно ниво на арсен, диоксин, олово, цинк, бакар и нафтени деривати, а пред три години делови од Стокхолм беа обвиени со чад предизвикан од пожар на напуштена депонија управувана од компанијата.
Во центарот на скандалот се успешната претприемачка Бела Нилсон, која себеси се нарекува „кралица на отпадот“ и нејзиниот поранешен сопруг Томас Нилсон.
Сите обвинети го негираат делото.