Во Шпанија забележан најтоплиот јануари досега

Во-Шпанија-забележан-најтоплиот-јануари-досега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Шпанија е забележан најтоплиот јануари од 1961 година, кога почна да се води евиденција, соопшти денеска Министерството за заштита на животната средина на земјата.


Како што се наведува, просечната температура минатиот месец достигна 8,4 степени Целзиусови, што е за 0,4 степени над претходниот рекорд од 2016 година, пренесува Ројтерс.

Министерството наведува дека времето е „исклучително топло“ на југот и центарот на Пиринејскиот полуостров, како и на суптропските Канарски острови, пренесува Танјуг.

Сувото и сончево време негативно се одрази на долготрајната суша во регионите на Каталонија и Андалузија.

Службата за климатски промени „Коперник“ претходно објави дека минатата година била најжешката во историјата на планетата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK