Во Шпанија бројот на мигранти е зголемен за 80% во однос на ланската година

Во-Шпанија-бројот-на-мигранти-е-зголемен-за-80-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на илегални мигранти кои влегле во Шпанија минатата година се зголемил за 82,1 % во споредба со ланската година и достигна 56.852 лица, поради големиот број пристигнувања на Канарските Острови, покажуваат прелиминарните податоци од шпанското Министерство за внатрешни работи.


Годишната бројка е највисока од 2018 година, кога во земјата пристигнаа 64.298 мигранти, која е една од главните порти кон Европа заедно со Италија и Грција.

Минатогодишниот пораст главно се должи на рекордниот проток регистриран на Канарските Острови.

Овие острови во Атлантскиот Океан, лоцирани во близина на северозападниот брег на Африка, примија вкупно 39.910 мигранти, што е за 154,5 % повеќе од 2022 година и го надминува претходниот рекорд од 2006 година.

Според податоците на европската агенција Фронтекс, тие мигранти дошле главно од Мароко и Сенегал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK