Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два т.н „Камења на споменот“, споменици кои потсетуваат на двајца Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Твитер градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.
„Рим силно го осудува овој неприфатлив и тажен чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Твитер.