Во најголемите градови во Кина издадено предупредување за жештини

toplo=zesko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемите кинески градови издадоа предупредување за жештини, а според прогнозата на метеоролозите во кинеската престолнина Пекинг денеска се очекува температура од 36 Целзиусови степени.

Кина се подготвува за уште една година на рекордно високи температури кои би можеле да ги загрозат снабдувањето со електрична енергија, земјоделските работи и земјоделските култури и да ја забават економијата.


Неколку кинески провинции беа погодени од топлотни бранови уште во март, а во провинцијата Јунан неодамна беа измерени температури на воздухот над 40 степени Целзиусови, што резултираше со оптоварување на електричната мрежа бидејќи клима уредите беа вклучени во милиони домаќинства.

Во изминатите неколку дена, провинциите Шандонг и Пекинг издадоа предупредувања за топлотни бранови, со температури до 37 степени Целзиусови пријавени во градовите Џинан, Тијанџин и Женгжу.

Кинеската метеоролошка служба ги предупреди сите локални власти да се подготват за екстремни жештини оваа година. Топлотните бранови се јавуваат спорадично во пресрет на летната сезона, што е особено загрижувачко за земјоделскиот сектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK