Неколку руски војници стационирани во Нагорно-Карабах се убиени од истрели во нивниот автомобил, соопштија воени извори во Москва. Инцидентот се случил во близина на селото Жанјатага, соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството не соопшти колку војници загинале. Тие се враќале од набљудувачката станица кога било пукано врз нивното возило, соопшти Министерството. Претставниците на Русија и Азербејџан на терен работат на разјаснување на ситуацијата.
Информациите не можат да бидат независно проверени. Вчера Азербејџан започна воена операција во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах. Денеска со руско посредништво беше постигнато примирје.