Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот

guteres1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на конфликтот.

Гутереш прв говореше на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, која се одржува за време на годишниот собир на водачите на Генералното собрание на ОН, а денеска за првпат на седницата на Советот за безбедност на ОН присуствуваше лично украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK