Во Москва и регионот Воронеж укинат режимот на антитерористичката операција

moskva-voronez
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска соопшти дека се укинува режимот на антитерористичката операција воведен во руската престолнина во врска со акциите на приватната воена компанија „Вагнер“ во саботата. Собјанин ја објави својата одлука на социјалната мрежа Телеграм.

Руските медиуми го цитираа локалното седиште на Федералната служба за безбедност во регионите Воронеж и Москва, кои соопштија дека режимот на антитерористичката операција во двата региони е укинат.


Покрај тоа, Националниот антитерористички комитет на Русија изјави дека ситуацијата во земјата е стабилна.

Во саботата беше прогласена антитерористичка операција во три руски региони, откако началникот на Вагнер, Евгениј Пригожин, објави дека оди во Москва за да го собори највисокото воено раководство на Русија. р

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK