Во Лондон средба Сунак – Зеленски

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска соопшти дека ќе отпатува за Велика Британија, при што е предвидено да се сретне со премиерот Риши Сунак како дел од турнејата на неколку клучни европски сојузници пред очекуваната голема украинска контраофанзива против руските сили.

Зеленски веќе имаше средби со германскиот и францускиот лидер, како и со италијански владини претставници во текот на викендот на турнејата за да обезбеди воена и финансиска поддршка за Украина.


– Денеска – Лондон. Велика Британија е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и помеѓу делегациите, напиша Зеленски на Твитер.

Минатата недела, Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети со голем дострел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK