Индонезиските имиграциски власти уапсија 103 странски државјани за време на рација во вила на островот Бали, вклучувајќи Кинези и Малезијци, осомничени за сајбер криминал и злоупотреба на визи и дозволи за престој, соопштија денеска официјални лица.
Според извештаите, рацијата била извршена во средата во вила во селото Кукух во областа Табанан на островот Бали кога биле уапсени 91 маж и 12 жени.
Запленети се и компјутери и мобилни телефони, соопштија официјални лица, пренесе АП.