Во градскиот превоз во Љубљана избодена жена, патниците го фатиле напаѓачот

Во-градскиот-превоз-во-Љубљана-избодена-жена-патниците-го-фатиле.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Жена е избодена со нож во градски автобус во Љубљана, а напаѓачот е маж што го познава, соопшти полициската управа на главниот град на Словенија.

Жената е префрлена во љубљанскиот клинички центар, а напаѓачот е уапсен. Порталот Сиол објави дека животот на жртвата не е во опасност, а напаѓачот бил задржан од други патници.

Директорот на љубљанското јавно сообраќајно претпријатие ЛПП, Петер Хорват за порталот изјави дека на снимките од безбедносните камери се гледа како маж и жена влегуваат во автобусот на иста постојка, а потоа се движат кон делот „хармоника“ од автобусот.

„Таму млад човек избоде млада жена. На видеото изгледа како да му паднал ножот. За среќа, веднаш го презеде друг патник“, го опиша инцидентот Хорват.

Тој додаде дека напаѓачот се обидел да излезе од автобусот, но друг патник го запрел, пренесува СТА.

„Некој очигледно веќе повикал полиција и го известил возачот бидејќи полицијата пристигнала само неколку минути подоцна и го уапсила сторителот“, рече Хорват.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK