Во Германија се преврте автобус со ученици, повеќе од 20 повредени, на возачот му се слошило

eb597a15-0548-444a-b3b4-cd9bf45f1094.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Автобуска несреќа, во која повеќе од 20 лица се повредени синоќа во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, се случила затоа што на возачот можеби му се слошило, соопшти германската полиција.

Автобус кој превезувал група средношколци излетал од патот и се превртел на враќање од патување во Англија.

Тоа беше втора автобуска несреќа во Германија за само два дена.

Автобусот е отстранет од местото на несреќата утринава, а автопатот А44 каде се случи несреќата е повторно отворен, соопшти полицијата.

Автобусот, во кој имало 60 патници, очигледно свртел десно од автопатот А44, удрил во заштитна ограда и паднал во насип и се превртел. Во несреќата не учествувале други возила, соопшти полицијата.

Во незгодата возачот наводно не се здобил со надворешни повреди, иако шофершајбната на автобусот е уништена. Немаше знаци на употреба на алкохол или дрога, изјави портпаролот на полицијата.

Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK