Во Франција се јавија десетина нови жртви во истрагата за Епстин


Depositphotos_866082234_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Франција се јавиле десетина нови наводни жртви во рамки на истрагата за мрежата поврзана со покојниот американски сексуален престапник Џефри Епстин. Oбвинителката соопшти дека по јавниот повик во февруари, вкупно околу дваесет лица се пријавиле, а дел од нив биле веќе познати од претходни случаи.


Околу десет нови жртви претходно не биле познати на истражителите. Тие ќе бидат сослушани, а дел од нив живеат во странство, па се организираат средби во Париз.

Француската истрага се однесува на можни дела на трговија со луѓе и на лица во Франција кои помогнале во активностите на Епстин. Истражителите повторно ги анализираат неговите електронски уреди, контакти и документи и бараат меѓународна правна помош.

Во истрагата се споменуваат и други поврзани случаи во Франција, вклучувајќи модни агенти и претходни обвиненија за сексуално злоставување, од кои дел биле застарени или затворени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK