Во ЕУ се поретко се користат фосилни горива за производство на електрична енергија

obnovlivi-izvori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во првата половина на 2023 во Европската унија се произведени само 33 проценти електрична енергија од фосилни горива, тоа би значело дека за 17 проценти се намалило производството на електрична енергија од фосилни горива во споредба со минатата година и тоа е најмалку споредувајќи од 1990 се наведува во истражувањата.







Експертите сметаат дека тоа е последица на намалувањето на побарувачката поради високите цени на јагленот и плинот.

Португалија, Австрија, Бугарија, Естонија и Финска бележат намалување на производството поголемо од 30 проценти, а во уште 11 членки на ЕУ производството на електрична енергија од фосилни горива е намалена за повеќе од 20 проценти.

Се смета дека за ваквата состојба придонесува проширувањето на производство на енергија од обновливи извори кое е во пораст и на пример производството на соларна енергија во ЕУ е зголемено за 13 проценти во првата половина на оваа година, во однос на истиот временски период минатата година.

Обновливите извори на енергија постојат неколку десетлетија, па нешто помалку податоци има за нив, но континуираното напредување на технологијата значи дека трошоците за соларната енергија и енергијата добиената од ветерници брзо ја дава својата исплатливост.

Аналитичарот Мат Евен истакнал дека овие промени не се доволни и дека потребно е поголемо влијание за што побрзо да го замениме процесот на производство на енергија од фосилни горива. Според него на тој начин би се поддржало господарството на делови од Европа.

Ветерот и соларната енергија уште сега се најефтината опција за нови енергетски проекти, но и понатаму се присутни прашања за тоа како на најдобар начин да се искористува енергија и да се урамнотежи мрежата кога промените на временските услови би резултирале со пад на производството на енергија од обновливи извори.

М. Кизова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK