Во Еквадор прогласена вонредна состојба поради бегство на водач на банда од затвор

Во-Еквадор-прогласена-вонредна-состојба-поради-бегство-на-водач-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена, откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата Адолфо Масијас избега од затворот во кој ја издржуваше казната.


„Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за своите постапки. Помина времето кога осудените дилери на дрога, убијци и организиран криминал и диктираа на владата што да прави“, рече Нобоа.

За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час, пренесува Ројтерс.

Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.

Вонредната состојба беше прогласена вчера и нејзините последици се меѓу првите големи безбедносни предизвици за Нобоа, кој ја презеде функцијата во ноември, ветувајќи дека ќе го спречи растечкото насилство во јужноамериканската земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK