Во делови од Франција евакуирани аеродромите, училиштата и факултетите

Во-делови-од-Франција-евакуирани-аеродромите-училиштата-и-факултетите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француските медиуми јавуваат дека вчера и денеска се евакуирани многу училишта и аеродроми поради закани за бомби.


Аеродромите во Монпеље, Нант, Бордо и Лил беа евакуирани во текот на утрото, но како што сега јавуваат француските медиуми, постепеното отворање е во тек.

Франција веќе е во состојба на готовност откако 20-годишник со нож усмрти наставник на 13 октомври.

И Версајскиот дворец, една од главните туристички дестинации во Франција, беше привремено затворен на почетокот на неделата од безбедносни причини, по втор пат за четири дена.

Во саботата, ден по убиството на учителот, парискиот музеј Лувр, Версај и железничката станица во Лион беа евакуирани поради лажна дојава за бомба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK