Во Брисел е во тек нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина

Во-Брисел-е-во-тек-нова-рунда-дијалог-меѓу-Белград.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел почна околу 10:15 часот со билатералната средба на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, јавува дописникот на „Н1“.


Тема на средбата е регулирање на плаќањата со динарите во Косово.

Подоцна ќе има средба и со делегацијата од Белград во која членуваат претставници на Министерството за финансии и на Поштенската штедилница.

По средбата со претставниците на Белград, косовската делегација ќе има билатерална средба со Лајчак, а потоа ќе стане извесно дали ќе има заеднички состанок.

Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, вчера изјави дека и Белград и Приштина го потврдиле учеството во денешната рунда од дијалогот за нормализација на односите.

Според неа, ќе се разговара за регулативата на Централната банка на Косово за готовински плаќања.

Во понеделникот, Централната банка на Косово (ЦБК), исто така, потврди дека нејзини претставници ќе учествуваат на состанокот. ЦБК изјави дека пред извесно време изразила подготвеност да се ангажира и да се сретне со Народната банка на Србија (НБС).

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бисљими, пред неколку дена изјави дека ниту тој, ниту некој од неговите соработници во косовскиот преговарачки тим нема да учествува на средбата во Брисел, бидејќи, како што рече, „динарот не е предмет на процесот на преговори“.

Белград потврди дека Србија ќе ја претставува шефот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач Петар Петковиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK