Во Бразил измерена највисоката температура досега

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразил ја забележа највисоката температура во историјата на мерењата во таа јужноамериканска земја, дури 44,8 степени Целзиусови. Во Бразил, моментално трае неподнослив топлотен бран кој зафати големи делови од земјата.



Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидените горештини се припишуваат на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.

Официјални лица од Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека температурите до 40 степени ќе бидат забележани во трите главни градови на бразилските држави, објави Си-ен-ен Бразил. Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.

Поради горештините, црвени предупредувања беа издадени низ земјава, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера.

Потрошувачката на енергија во Бразил се искачи на рекордно ниво бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со климатизери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK