Во Белгија уапсени седум лица, сакале да украдат 10 тони запленет кокаин

Во-Белгија-уапсени-седум-лица-сакале-да-украдат-10-тони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седум холандски државјани се уапсени  во Белгија, осомничени за обид за вооружен грабеж на десет тони запленет кокаин од магацин во регионот на Антверпен, соопшти обвинителството.


Кокаинот бил запленет во вторникот на пристаништето Антверпен, но од практични причини контејнерот со дрогата бил однесен во магацин на околу 25 километри од пристаништето.

Полицијата со помош на очевидци кои забележале комбе со холандска регистрација и закана за чуварот на контејнерот, успеала да ги уапси Холанѓаните. Во нивното возило било пронајдено оружје.

Пристаништето Антверпен стана главна влезна точка во Европа за кокаин од Јужна Америка во последниве години. Во тоа пристаниште минатата година биле запленети речиси 109,9 тони кокаин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK