Во Белата куќа на 22 јуни средба Бајден – Моди

belata kukja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белата куќа денеска соопшти дека  американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди на 22 јуни.

– Посетата ќе ја зајакне заедничката посветеност на двете земји за слободен, отворен, просперитетен и безбеден индопацифички регион и нашата заедничка определба да го подобриме нашето стратешко технолошки партнерство, вклучително и во областите на одбраната, чистата енергија и Вселената, наведе портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.



Тоа ќе биде прва посета на Моди на САД, откако Бајден ја презеде функцијата, иако двајцата лидери веќе се сретнаа неколкупати на меѓународни настани.

Моди е третиот светски лидер кој е поканет од американскиот претседател во државна посета на САД. Францускиот претседател Емануел Макрон го посети Вашингтон кон крајот на минатата година, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол ја посети Белата куќа во април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK