Вес Мур, гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, прогласи вонредна состојба во Балтимор по уривањето на мостот. Нуркачите трагаат по 20 лица во реката која моментално е 9 Целзиусови степени.
„Работиме со меѓуагенциски тим за брзо распоредување на федералните ресурси“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа X.
„Ние сме им благодарни на храбрите мажи и жени кои вложуваат напори да ги спасат инволвираните и се молиме за безбедност на сите“, се додава во соопштението.
„Ќе останеме во близок контакт со федералните, државните и локалните ентитети кои спроведуваат спасувачки напори додека продолжуваме да ја проценуваме и да реагираме на оваа трагедија.
Досега две лица се спасени од водата.
„Едно лице одбило услуга и одбило транспорт, во суштина тоа лице не е повредено“, изјави началникот на полицијата во Балтимор, Џејмс Валас.