Нема индикации за „тероризам“ или намера во уривањето на мостот во Балтимор, изјави началникот на полицијата

ѕ-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата во Балтимор соопшти дека нема докази дека судирот на бродот што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен.

„Нема апсолутно никакви индикации дека има некаков тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот Ричард Ворли на прес-конференција. ФБИ соопшти дека се приклучува на истрагата за причините за судирот.

Спасувачките екипи утврдија дека има возила во реката  по уривањето на мостот.

„Открино е присуство на возила потопени во вода“, рече шефот на противпожарната служба Џејмс Валас. „Сè уште немам бројка за тоа“.

Валас рече дека чекаат да се уверат дека бродот е безбеден и стабилен пред истражителите да се качат на него.

„Никогаш не би помислиле дека ќе видите, физички да го видите мостот „Ки“ како така се сруши“, рече градоначалникот Брендон М. Скот.

„Изгледаше како нешто од акционен филм“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK