Владите на земјите од ЕУ се загрижени и бараат решенија за приeм на нови членки

sholc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот весник „Монд“ објави дека „членките на Европската унија се загрижени за последиците од пристапот на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан“, а шпанскиот весник „Паис“ пишува дека дискусијата за ова се забрзува.

– Франција, Германија, Холандија, Шпанија и вкупно десет земи од ЕУ свикаа состанок за да разговараат за клучните прашања за евентуалниот влез на нови членки“, пишува „Паис“.


Голем камен на сопнување, објаснуваат медиумите и аналитичарите во ЕУ, е како да се вклучи толку голема земјоделска земја како Украина во буџетските субвенции на европскиот аграр, бидејќи ќе бидат потребни многу големи средства за да му се помогне на украинското земјоделство.

Кај членките на Унијата веќе има незадоволство и бунт поради отворањето на пазарот на ЕУ за евтини житарки и други украински производи, бидејќи тоа се смета за нелојална конкуренција на земјоделците на Унијата.

Друго важно прашање е како може ЕУ да функционира со 35 членки кога системот на одлучување, со можност за вето, и сега со 27 членки доведе во прашање и блокираше некои важни одлуки на ниво на Унијата, особено во однос на надворешната политика и имиграцијата.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот инструмен

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет,  во кој членуваат шефови на држави или влади на ЕУ, го потврди ова при резимирањето на дискусијата на лидерите на Унијата минатиот петок и подвлече дека од Украина, како и другите кандидати за членство во ЕУ, се бара да ги спроведат потребните реформи, пред се кога станува збор за поделбата на овластувањата на владините институции, независноста на судството и сузбивањето на корупцијата.

Мишел нагласи дека „истовремено од земјите на Европската унија се очекува да обезбедат сопствена способност за прием и интегрирање (нови членки), а тоа значи точно да се утврдат и да се најдат одговори за последиците од проширувањето“.

А тоа се, според претседателот на Европскиот совет, „процесот на одлучување, и како ЕУ во целина ќе обезбеди финансирање на проширувањето, и солидарност“.

– Тоа е тешка дискусија со различни појдовни точки, рече Мишел, а европски дипломатски извори објаснија дека членките на Унијата се „кршат“ околу цената што мора да се плати финансиски и политички за отворање на вратата за нови членки и неопходноста дека особено Украина не треба да се остави на каприциозен крај на војната со Русија, како и тоа Западен Балкан да не стане геополитичка и политичка „сива зона“ оставена на можното влијание на други светски фактори, Русија, Кина, можеби Турција.

Амбасадорот Ларс Даниелсон, клучен функционер на штотуку завршеното шведско претседателство со Унијата, рече дека „најважното прашање е како ќе се погрижиме ЕУ да биде подготвена и способна да прими нови членки“.

Даниелсон оцени дека досегашната дискусија била премногу насочена кон промена на темелниот акт на ЕУ за таа цел.

Тој рече дека поважно е да се сменат политиките на ЕУ, особено буџетските субвенции за земјоделството, солидарноста во помагањето на членките да го достигнат потребното ниво на развој и функционирање на институциите.

„Монд“ претходно напиша дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале „приватно“ за клучните отворени прашања за проширувањето.

Француските власти објаснија дека новото членство може да значи дека нема да бидат инкорпорирано во сите структури и системи за одлучување, но дека може да има „повеќе опции“, односно влез не во сите, туку во некои сектори, како што сега не се сите земји членки на Унијата во Шенген зоната или во евро-зоната.

Претседателот на Европскиот совет, Мишел, побара од членките на Унијата „да утврдат работен план за можното членство на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан“.

Мишел предупреди дека „не смее да се чека до последниот момент, во декември, кога лидерите на ЕУ треба да одлучат за започнување преговори за членство со Украина врз основа на извештајот на Европската комисија“.

Тоа значи, посочи тој, „главно да се одлучи како да се обезбеди финансирање и да се избегне впечатокот дека има голем проблем со можноста да се инкорпорираат нови членови“.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ги сумираше сите овие сомнежи во пораката дека „Европската унија мора многу подлабоко да размислува за тоа какви структури и се потребни за да опстане во свет кој поставува големи предизвици“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK