Британската влада не е доволно подготвена за екстремни временски настани кои би можеле да предизвикаат значително нарушување, се вели во извештајот објавен од Националната ревизорска канцеларија (НАО), кој ги вклучува резултатите од проценката за тоа колку Велика Британија е подготвена за четири типа екстремни временски услови како суша, поплави, бури и високи температури.
Како што е наведено, иако британската влада работеше на зајакнување и изнаоѓање соодветен одговор на климатските промени, како и за ублажување на ризиците, требаше да направи повеќе и порано за да се подготви и да се прилагоди на екстремните временски услови.
„Сегашниот предизвик за владата е како да стави доволен акцент на превенцијата и подготвеноста, но и да донесе информирани одлуки за приоритизацијата за да обезбеди ефикасни и ефективни долгорочни инвестиции“, се вели во извештајот на Националната канцеларија за ревизија, пренесува Ројтерс.