(Видео) Жена во Јапонија извлечена од урнатините пет дена по земјотресот, има над 90 години

Видео-Жена-во-Јапонија-извлечена-од-урнатините-пет-дена-по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Жена на 90-годишна возраст, заробена под урнатините пет дена по силниот земјотрес во централна Јапонија, е спасена против сите шанси. Но, денеска се очекува дека снегот и невремето ќе ги отежнат спасувачките напори.

Најмалку 126 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер на Нова година и во последователните потреси, а 222 лица се уште се водат за исчезнати. Во земјотресот се урнаа згради, имаше голем пожар, а имаше и цунами бранови повисоки од еден метар.

Надежта за пронаоѓање на преживеани обично исчезнува три дена по разорниот земјотрес. Меѓутоа, старицата поминала пет дена под урнатините на урнатата куќа во градот Сузу пред да биде спасена синоќа. Таа била пренесена во болница и јасно одговарала на прашањата, јавува јавната телевизија НХК.

„Почекај!“ На снимката од полицијата од местото на настанот, која ја објавија локалните медиуми, можеше да се слушне како спасувачите ја повикуваат жената. “Ќе бидеш добро!” извикуваа тие додека околу нив паѓаше дожд. “Остани позитивна!”

Портпаролот на токиската полиција потврди за АФП дека спасувањето го извршиле полицајци од Токио и Фукуока, но не можеше да даде повеќе детали. Многу заедници на полуостровот Ното, каде што се случи земјотресот во понеделникот, се отсечени поради оштетените патишта, а некои од околу 1.000 свлечишта ги блокираат и возилата за помош.

До денес попладне се предвидува студен дожд да премине во снег на полуостровот, на страната на Јапонското Море на главниот остров Хоншу во земјата. Лошото време се заканува дополнително да ја усложни тешката мисија на илјадници полицајци, војници и други спасувачи.

Исто така, може да ги влоши условите за повеќе од 30.000 луѓе во 366 владини засолништа бидејќи помошта бавно стигнува до областите без вода или струја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK