(Видео) Земјотрес со јачина од 7,1 степени на границата меѓу Кина и Киргистан

Видео-Земјотрес-со-јачина-од-71-степени-на-границата-меѓу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди граничната област меѓу Кина и Киргистан, предизвикувајќи неколку повредени лица и урнати куќи, јавија кинеските медиуми.


Според Кинеската управа за земјотреси, земјотресот се случил во 02:09 часот по локално време, а го погодил округот Вуши во северозападната кинеска област Ксинџијанг, планинска погранична област.

Од 4 часот наутро во близина на епицентарот се регистрирани 14 последователни потреси со јачина од 3,0 до 5,3 степени, јавуваат кинеските медиуми.

Поради земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Ксинџијанг е во прекин, а оштетени се 27 воза.

Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби објави дека неколку оддели ги координираат напорите за помош, а на жителите им се обезбедени шатори, палта, јоргани, душеци, кревети на преклопување и печки за греење.

Во последните 24 часа Ксинџијанг беше погоден од неколку земјотреси.

Земјотресот е почувствуван и во Казахстан и Узбекистан. Жителите на најголемиот град во Казахстан, Алмати, излегоа од своите домови, некои од нив облечени во пижами, и се собраа надвор и покрај студеното време. Во моментов нема извештаи за штети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK