Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска пристигна во Мадрид каде, како што е најавено, ќе потпише билатерален безбедносен договор со Шпанија.
Шпанскиот крал Фелипе Шести го пречека Зеленски на аеродромот Барахас во главниот град, пренесе АП. Украинскиот лидер потоа разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчез за, како што претходно објавија локалните медиуми, планираниот договор од 1,13 милијарди евра врз основа на кој Шпанија ќе и испорача повеќе оружје на Украина, објави Ројтерс.
Volodymyr Zelenskyy has arrived in Spain for talks with the country’s prime minister and royal family
Ukraine is expected to receive a large aid package from Spain today. pic.twitter.com/pwYjceX9lK
— NEXTA (@nexta_tv) May 27, 2024
Зеленски требаше да ја посети Шпанија во средината на месецот, но ги одложи сите свои патувања во странство откако руските сили започнаа офанзива во североисточниот регион Харков. Шпанскиот весник „Паис“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со содржината на билатералниот договор, објави дека договорот ќе вклучува и серија од 12 системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од американско производство, кои Украина долго време ги бараше.
Останатите ставки се однесуваат на 19 тенкови Леопард и артилериски гранати од 155 милиметри, кои Украина најмногу ги користи на бојното поле, наведува „Паис“. Шпанија, исто така, ќе продолжи да ги обучува украинските војници и да ги лекува своите ранети војници.