(Видео) Застрелан осомничениот за убиство на двајца шведски навивачи во Брисел

Видео-Застрелан-осомничениот-за-убиство-на-двајца-шведски-навивачи-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгискиот ДеМорген пишува дека е потврдено дека во полициската акција утринава бил застрелан маж осомничен за убиство на двајца шведски навивачи вчера.


Маж е застрелан во кафуле во Шаербек, но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во локална болница.

Белгискиот РТЛ пишува дека здравствената состојба на застреланиот терорист е комплицирана и дека тој е „помеѓу живот и смрт“. Според информациите што ги добиле, тој веќе два пати имал инфаркт, но секој пат го реанимирале и го враќале во живот.

Според полициски извори, во престрелката утринава се повредени неколку лица, но се уште нема јасни околности како дошло до пукањето.

Оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот.

Синоќа две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди утринава пред новинарите портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.

Двајцата убиени вчера биле шведски навивачи. Тие ги носеа дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. А третиот ранет е шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.

„Одете дома и не излегувајте додека не се отстрани заканата“, изјави портпаролот Ерик ван Дујзе.

Тој рече дека нема докази дека сторителот на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK