Јапонија беше погодена од разорен земјотрес, а на социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа необичното и вознемирено однесување на птиците кои го почуствувале земјотресот.
Crows in Japan tried giving humans the warning pic.twitter.com/CUCLEVnZ5x
— Nerdy 🅰🅳🅳🅸🅲🆃 (@Nerdy_Addict) January 1, 2024
Научниците сè уште не ја потврдиле способноста на животните да чувствуваат природни катастрофи, постојат индикации и многумина веруваат дека постои поврзаност помеѓу нивното необично однесување и претстојните настани.
Видеата се алармантни, прикажувајќи стотици птици на небото, покривите и патиштата кои покажуваат промени во нивното однесување.
Во вчерашната серија земјотреси загинаа најмалку 57 лица, но се очекува бројот на жртвите да расте. Стотици згради се уништени, а неколку градови се отсечени поради оштетените патишта и лизгањето на земјиштето. Повеќе од 150 земјотреси ја погодија Јапонија за помалку од 24 часа. Спасувачите се на терен во потрага по преживеани.