Индиските железници наредиле истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат како возот со голема брзина поминува покрај неколку станици. Индиските железници соопштија дека возот е запрен и никој не е повреден, јавува Би-би-си.
Breaking: Testing of India’s first driverless good train is a huge success. On the other hand, loco pilots are planning a strike against this move. pic.twitter.com/b0JqeEIRlc
— Venkat 🐶 (@snakeyesV1) February 25, 2024
Возот со 53 вагони, кој носеше иверка, беше насочен кон Пенџаб од Џаму и беше запрен во Катуа за замена на персоналот. Официјалните лица велат дека тој почнал да се движи надолу по железничката пруга откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале.
Возот се движел со брзина од речиси 100 километри на час и успеал да помине пет станици пред да биде запрен.
„Возот беше запрен откако службеник на железницата постави дрвени блокови на шините“, изјавија официјални лица за ПТИ.
Дрвените блокови помогнаа да се забави возот.