На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турски воен транспортен авион Ц-160. Како што објави новинарот Рагип Сојлу на „Икс“, турскиот авион принудно слетал поради дефект.
Scary: A Turkish C-160 military cargo plane makes an emergency landing immediately after the take off due to malfunctioning in Turkey’s Kayseri pic.twitter.com/vt1ok2yzE6
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) January 25, 2024
Според Сојлу, дефектот се случил веднаш по полетувањето во градот Кајсери во централниот дел на Турција, југоисточно од главниот град Анкара. На видеото се гледа како транспортниот авион лета ниско, над прометен пат.
Турското Министерство за одбрана потоа објави дека авионот бил само малку оштетен при принудното слетување и останал во еден дел.