Нова уметничка инсталација на анонимниот уметнички колектив Secret Handshake се појави оваа недела на Националниот мол во Вашингтон, на која се прикажани фигури што го претставуваат американскиот претседател Доналд Трамп и покојниот финансист Џефри Епстин.
Инсталацијата, насловена „Кралот на светот“, ги прикажува двете фигури во реконструкција на познатата сцена од филмот „Титаник“, во која се појавуваат ликовите Џек и Роуз, пренесе „Еј-би-ес-Си-би-ен њуз“.
Покрај скулптурата се поставени и табли со текст што се повикува на наводни општествени врски меѓу Трамп и Епстин. Инсталацијата вклучува и низа големи банери со фотографија на двајцата мажи заедно.
Фото: ЕПА